MK ENG

Effie network of the year
2020-06-13

Effie network of the year

McCann Worldgroup беше прогласена за креативно најефективна агенциска мрежа од страна на глобалниот Effie Effectiveness Index за 2020 година. Ова е трета година по ред во која McCann Worldgroup го добива ова признание.

Effie Effectiveness Index во 2020 година ја рангираше McCann Worldgroup на првото место за најкреативно-ефективна агенциска мрежа на глобално ниво, највисоката позицијаза ефективност во рекламирањето во индустријата. Дополнително, ова е трета последователна година во која McCann Worldgroup ја добива оваа заслуга.

Покрај тоа, четири агенции од McCann Worldgroup мрежата, беа рангирани во првите 10 од вкупниот бројагенции рангирани глобално од страна на Effie индексот: FP7//McCann Дубаи на прво место; P7/DXB, McCann Worldgroup Индија (Њу Делхи) на трето место; McCann Worldgroup Лима на петто место; и McCann Тел Авив на десетто место.

Ворегионални рамки, McCann Worldgroup Europe го освои првото место во Европа, агенциите на McCann Worldgroup во Африка и Блискиот Исток беа рангирани на првото место во регионот Африка/Блиски Исток, и McCann Worldgroup го освои првото место во САД.

Рангирањето за ефективноста од страна на Effie индексот ги препозна глобалните маркетери кои беа најуспешни во реализација на ефективни резултати со нивните маркетинг комуникации, и вклучи голем број на глобални клиенти со кои McCann Worldgroup соработува, вклучувајќи ги Кока-Кола, Нестле и ИКЕА. Клиентите на McCann Worldgroup како што се Џенерал Моторс, Мастеркард, Мајкрософт и Рекит Бенкизер,  придонесоа кон ова престижно признание.