MK ENG

Пракса во McCann Skopje
2020-03-06

Пракса во McCann Skopje

McCann Skopje објавува оглас за прием на 2 практиканти во нашиот креативен и акаунт тим. Се покануваат сите амбициозни, талентирани и желни за знаење млади луѓе со завршени студии од областа на маркетинг и дизајн да испратат свои биографии и писмо за мотивација најдоцна до 9 март 2020г. на mccann@mccann.com.mk. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Практиканската работа ќе се одвива согласно одредбите на Законот за практиканство. Избраните практиканти ќе работат со ментори кои ќе ги водат низ процесот на едукација со цел да се стекнат со практични знаења и вештини од областа на маркетиншките комуникации, како и практично искуство.

Практичната работа ќе се одвива во временски период од најмногу 6 месеца.